Соиграч на Пандев го воодушеви светот, па Реал поради него ќе го продаде Бензема!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид, наводно, е подготвен да го продаде искусниот Карим Бензема и сака да донесе нов напаѓач, кој ќе ја подобри ефикасноста на тимот.

Французинот не игра како што треба, па наскоро би можеле да го видиме Бензема како заминува од Мадрид, а како потенцијална нова дестинација се споменува Челси.

Од друга страна, „кралевите“ ќе се обидат да го ангажираат Криштоф Пјатек за 60 милиони евра, откако постигна 19 голови во Италија.

За Пјатек постои голем интерес, а дефинитивно талентираниот фудбалер би сакал да се пресели во Мадрид.