Соиграч на Пандев најави: Би можел да потпишам за европски гигант!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Џенова и соиграч на македонскиот капитен Горан Пандев, Криштоф Пјатек призна дека би сакал да настапува во Лигата на шампиони.

Полскиот напаѓач постигна девет голови во 12 настапи во италијанската Серија А, па веднаш го привлече вниманието на европските гиганти.

Според „Кориере Дела Сера“, Пјатек открил дека сака да замине во некој гигант, каде што би можел да настапува во Лигата на шампиони.

„Ако продолжам вака, би можел да потпишам за некој голем клуб. Моја цел е да настапувам во Лигата на шампиони“, кажа Пјатек.

„Гардијан“ пишува дека напаѓачот на Џенова би можел да се пресели во Челси, кој сака да најде квалитетен напаѓач бидејќи Алваро Мората и Оливие Жиру не се покажаа најдобро, иако Шпанецот почне да настапува подобро во последно време.