Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Карпош Соколи загубија од Цедевита во натпревар од 24-то коло во АБА, 81:77.
Соколите го започнаа натпреварот со серија од пет поени. Трајковски и Пенов постигнаа по 2, а Лабовиќ 1 поен, 0:5. Потоа се играше кош за кош се до крајот на првата четвртина. После првите десет минути игра гостите имаа водство од шест поени, 14:20.
Катиќ постигна четири поени во низа на почетокот на втората четвртина за 18:22. Кошаркарите на Цедевита направија серија од седум поени за прво водство на натпреварот, 28:26. Се менуваше водството на двете, a пред крајот на првото полувреме Мавра погоди тројка за водство на соколи од три поени, 36:39.
Македонскиот клуб стигна до водство од 9 поени, 37:47 со петте поени во низа на Лабовиќ. Билан со четири поени во серија намали на 40:47. Шурна, Крушлин и Араповиќ му донесоа водство на Цедевита, 59:56. Пери погоди едно слободно фрлање, а Зековиќ за два за израмнување, 59:59. Цедевита со двата поени на Араповиќ влезе во последната четвртина со два поени предност, 61:59.
Араповиќ и Крушлин погодија за 66:59. После погодени две тројки во низа на Шепа и Лабовиќ за намалување на три негатива, 71:68, тренерот на Цедевита повика тајм-аут. Трајковски и Мавра погодија по две слободни фрлања за 73:72 на четири минути пред крајот на натпреварот. Две минути пред крајот на натпреварот соколите имаа негатива од три поени, 78:75. Цедевита на крајот победи со
Араповиќ со 16 поени ја предводеше Цедевита. Билан додаде 14, Крушлин и Ботрајт по 10 поени. Кај Карпош Соколи најефикасен беше Лабовиќ со 27 поени. Мавра додаде 18, Трајковски 14, Шепа 7, Пери 5, Зековиќ, Соколов и Пенов по 2 поени.
Петнаесети пораз за Карпош Соколи оваа сезона во АБА.