Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тешка сезона за Реал, со заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус и Зинедин Зидан од клупата, настанаа бројни проблеми.
Наследникот на Зидан, Лопетеги не ги оправда очекувањата, ја забележа најлошата низа во историјата на клубот, а притоа е и декласиран во „Ел Класико“ од Барселона, која го немаше Меси.
Како и да е, тој по дуелот со Каталонците остана без работа, во недостаток на решение Перез на тренерската позиција го постави Солари, кој претходно работеше со Б тимот.
Се виде веднаш подобреност, но и кај Солари имаше бројни проблеми.
Сепак, во последно време Реал игра фантастично, ремизираа со Барселона на „Камп Ноу“ во рамки на Купот на Кралевите, а пред таа средба врзаа дури пет победи.
Играат одлично, конечно се приметува дисциплина во нивната игра, па оттаму управата може да биде задоволна.
Солари притоа во првиот тим воведе неколку млади играчи, му пружу шанса на Винисијус, кој блеска во последно време, како и Серхио Рехијон, кој навистина е откровение оваа сезона за Мадриѓаните.
Управата сега е задоволна, Солари ги поправи резултатите, во тимот воведе млади играчи, прави се за што другите се надеваа.
Некогашниот играч на Реал прави се во своја моќ да ја дочека и следната сезона на клупата на кралскиот клуб, засега му оди добро, но се знае што на „Бернабеу“ е важно.