Солскер по победата го пофали Рашфорд: Тој го има ударот на Кристијано


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа ја остварија и четвртата врзана победа, откако ги превзема Оле Гунар Солскер.

Популарните Црвени Ѓаволи славеа на гостувањето против Њукасл Јунајтед со сигурни 2-0, а норвешкиот тренер рече дека сите би требало да бидат среќни.

„Треба да бидеме среќни бидејќи имаме четири победи од четири меча. Не примавме гол, што е добра работа за нас. Во првото полувреме бевме спори, но бевме концентрирани и одигравме една многу професионална партија. Му допуштивме на противникот во краток период неколку шанси, но брзо воспоставивме контрола“, изјави Солскер кој посебно го пофали младиот Рашфорд.

Тој го има ударот на Кристијано, но ми се допаѓа начинот на кој постигна гол денес. Се смири и ја пласираше топката. Треба сите да знаеме дека он има само 21 година“.

Манчестер Јунајтед во наредното коло има многу тежок испит бидејќи му гостува Тотенхем.