Солскјер го враќа напаѓачкиот фудбал на „Олд Трафорд“: Вака би изгледал Манчестер Јунајтед во следниов период (Фото)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Мначестер Јунајтед во текот на вчерашниот ден и официјално го назначи Оле Гунар Солскјер како нов предводник на тимот до крајот на сезоната.

Фановите со нетрпение исчекуваат да го видат својот миленик како ќе го вади клубот од калта во која западна оваа сезона.

Медиумите во Англија побрзаа и веќе објавија неколку можни формации кои ќе ги форсира Норвежанецот кој потпомогнат од Мајк Фелан ќе се обиде колку толку да го крене клубот.

Иако се уште не можеме да потврдиме со каков состав ќе истрча на натпреварот со Кардиф, едно е јасно, тоа ќе биде напаѓачки ориентиран тим кој ќе игра многу подопадлив фудбал од тој на Мурињо.