Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус и Рома синоќа го одиграа големото дерби во 17. коло од Серија А, а на крајот „Старата дама“ славеше со 1-0. Единствениот гол го постигна Марио Манџукиќ, а „Газета дело Спорт“ пишува дека на трибините имало скаути од цела Европа.
Меѓу нив биле и некои од Манчестер јунајтед, кои дефинитивно ги очекува возбудлив зимски преоден рок. Јунајтед веќе некое време бара засилување во одбраната, зашто тоа им е најголем проблем сезонава.
Италијанските медиуми пишуваат дека скаутите го следеле Костас Манолас од Рома и ќе се обидат да го ангажираат во Рома. Во прилог на Јунајтед оди и тоа што Гркот има откупна клаузула од 36 милиони евра.
Во случај да се согласи Манолас на условите на Јунајтед, тогаш клубот од „Олд Трафорд“ ќе може да го купи без да преговара со Рома, доколку се согласи да ја активира откупната клаузула.