Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, би можел наскоро да добие големо засилување во одбраната, откако англиските медиуми објавија дека била испратена нова понуда до Наполи.
Како што беше познато од претходно, Калиду Кулибали е голема желба на управата на „црвените ѓаволи“, но нивните понуди беа одбиени.
Наполи во моментов не може да се бори за титулата, па поради тоа ќе се обидат „ѓаволите“ да го ангажираат Кулибали, кој би можел да се пресели на „Олд Трафорд“ за 100 милиони евра.
Освен тоа, Јунајтед во моментов треба да потпише договор со Ентони Марсијал до 2024 година.