Солскјер е целосно различен од Мурињо: Го укина полицискиот час, фудбалерите се воодушевени!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед замина во Дубаи, каде што ќе биде неколку дена на краток одмор од Премиерлигата.

„Црвените ѓаволи“ во саботата го победија Рединг во ФА-купот, а по мечот заминаа во Дубаи. Атмосферата во екипата е одлична, откако пристигна Оле Гунар Солскјер на тренерското место.

Солскјер има одлична комуникација со фудбалерите, па тие ќе останат во Дубаи за да ја поправат атмосферата во клубот.

Норвежанецот е целосна спротивност од Жозе Мурињо, кој беше во караница со поголем дел од фудбалерите. Солскјер покажа дека има голема доверба во своите фудблаери и реши да им го прекине полицискиот час, односно порача дека верува дека сите до 23 часот ќе бидат во своите соби.

Тоа не беше така во претходните сезони додека Мурињо беше тренер и имаше помошник, кој ги проверуваше своите фудбалери. Доручекот им е закажан во девет часот, но и тука имаат можност да задоцнат најмногу половина час, а тоа ги воодушеви фудбалерите.