Солскјер „потврди“ дека останува: Снимив промотивно видео за наредната сезона!


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер сè уште е привремен тренер на Манчестер јунајтед. Сепак, навивачите се прашуваат дали Норвежанецот заслужил договор од клубот, откако го прероди по неговото пристигнување.

Многумина сметаат дека легендарниот напаѓач на Јунајтед ќе остане на клупата на англискиот гигант и наредната сезона. Меѓутоа, постојат шпекулации дека „црвените ѓаволи“ би можеле да се решат за некое друго големо тренерско име.

Солскјер во својата последна изјава кажа дека сè е решено, па дека клубот решил да го задржи. Норвежанецот на прес-конференцијата пред денешниот дуел со Саутемптон откри дека снимил промотивно видео за да ги „охрабри“ навивачите да купат сезонски билети за наредната сезона.

„Не, не ми беше чудно да снимам видео. Почудно ќе беше себеси да се видам на реклама, а да не сте тука. Ако моите деца ја видат рекламата на која сум и јас, а ја сум во Норвешка, тогаш тоа би било почудно. Снимивме реклама за сезонските билети, па ги молам навивачите да ги купат во поголем број. Дали јас наредната сезона ќе бидам тренер или навивач уште не знам“, вели Солскјер.

Исто така, новинар на еден портал Крис Воукс пишува дека Солскјер кажал дека разговарале за иднината на клубот и Норвежанецот признал дека дава 100% од себеси за клубот.