Солскјер призна: Поразот против Вулверхемптон е чекор назад за Манчестер јунајтед!


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека поразот во ФА-купот е чекор назад за неговата екипа, која игра како преродена откако стигна Норвежанецот на „жешкото“ столче.

„Ѓаволите“ во наредниот период ќе се борат за четвртата позиција во лигата, но и за полуфинале во Лигата на шампиони, но на тој пат во четвртфиналето претходно ќе треба да ја поразат Барселона.

Тие синоќа беа поразени од Вулверхемптон со 1-2, па така не успеаа да се пласираат во полуфиналето на натпреварувањето.

Ова е првпат, уште од декември, Манчестер јунајтед да врзе два порази. Пред овој пораз, „ѓаволите“ загубија на гостувањето на „Емирати“ против Арсенал.

„Ова беше наш најлош натпревар. Игравме многу бавно, а тие имаа иницијатива. Ова е разочарување. Во првото полувреме се обидовме да притиснеме, но постојано ја губевме топката и им дававме простор за контра-напади“, вели Солскјер.