Солскјер, сепак, заминува од „Олд Трафорд“: Објавен нов кандидат за тренер на Јунајтед!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манчестер јунајтед минатиот месец го отпушти Жозе Мурињо и на негово место го вработи Оле Гунар Солскјер, кој одлично ја почна авантурата на „Олд Трафорд“.

Сепак, англиските медиуми шпекулираат дека Солскјер нема да остане во Манчестер по крајот на сезоната.

Во последниот период се поврзуваа многу тренери со преселба на „Олд Трафорд“, а како најсериозен кандидат се споменуваше Маурицио Покетино, но очигледно тоа нема да се случи.

„Скај Спортс“ пишуваат дека најнов кандидат за тренерското место во Јунајтед е Герет Саутгејт, а веќе и Ед Вудвард почнал да ја разгледува таа опција.