Солскјер со интересна споредба: Санчез е како – кесе кечап!


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Пред мечот во осминафиналето од ФА-купот против Челси, тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за формата на Алексис Санчез.

Санчез откаок пристигна во Манчестер јунајтед не игра на нивото кое го имаше во Арсенал и не ги оправда своите квалитети.

Навивачите на Јунајтед не мислат ништо добро за Чилеанецот, на кој не му помогна ниту пристигнувањето на Солскјер на тренерската позиција.

„Многу е талентиран и кога би постигнал гол, сигурен сум дека ќе добие самодоверба. За тоа дека станува збор за тежок период кога не играш стандардно, на сите ни е јасно. Санчез е како кесе кечап, кој не сака да излезе, ама кога ќе тргне, тогаш ќе биде одлично“, кажа Солскјер.

Дуелот меѓу Челси и Јунајтед се игра на „Стемфорд бриџ“ од 20.30 часот.