Солскјер со коментар за трансфер активностите на Манчестер Јунајтед до крајот на јануари


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека во текот на трансфер периодот веројатно нема да има никакви промени во неговиот тим, но потенцираше дека не знае дали ќе ги има до крајот на истиот бидејќи не бил вклучен во процесот на преговори.

Иако во последните денови во англиските медиуми се шпекулира дека Дармијан, Валенсија и Переира ќе си заминат од Јунајтед, Солскјер истакна дека немало промени во составот.

„ Во овој момент сите ќе останат во клубот, бидејќи нема никакви договори. Сепак, остана уште неколку дена до крајот на трансфер периодот, а јас не сум вклучен во преговорите“ – истакна менаџерот на „ Црвените Ѓаволи“.

По доаѓањето на Норвежанецот на клупата, Јунајтед има осум победи по ред, а играчите истакнуваат дека причината за нивните добри резултати е во тоа што уживаат да играат на теренот.