Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јужнокорејскиот напаѓач, Мин Сон порача дека пред патот на Азискиот куп на каде со својата Јужна Кореа ќе се обиде да ја освои шампионската титула, но за тоа време ќе пропушти пет натпревари со Тотенхем.
Тој во разговор за Скај Спорт порачува дека сака да го победи Манчестер Јунајтед за викендот за да замине во Дубаи со самодоверба каде ќе го игра споменатото натпреварување со репрезентациите на Азија.
„Не ми е лесно во ваквиот момент да ја оставам екипата. Многу сум тажен, но сакам да победиме во следниот меч за со самодоверба да заминам во Дубаи“, истакна Сон и додаде:
„Да се игра за својата земја секогаш е посебно, но тешко ми е бидејќи веќе пропуштив еден месец оваа сезона поради тоа. Сепак, сакам да заминам со три бода“.
За потсетување, Сон летово со Јужна Кореа го освои Азиските игри и на тој начин избегна заминување во војска, но во тој период пропушти неколку натпревари на Спарси од Лондон.