„Сопственикот на Ливерпул плачеше зашто мислеше дека платил многу за Салах“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул и Рома вечерва на „Енфилд“ го играат првиот меч во полуфиналето на Лигата на шампиони.

Џејмс Палота денеска даде интервју за англиските медиуми во кои зборуваше пред мечот со Ливерпул. Претседателот на Рома се сети на минатото лето кога преговарал со газдата на „црвените“, Џон Анри.

„Само што не пушти солза кога се договоривме за трансферот. Постојано ме прашуваше дали премногу платил за Салах и беше сигурен дека направил грешка. Му реков дека треба да се смири и дека ќе го почестам вечера“, кажа Палота.