„Со голема почит до Кристал Палас, но Заха е играч за Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грем Сунес, поранешниот играч на Ливерпул, верува дека Вилфрид Заха би можел да заигра за Реал Мадрид.

Заха игра фантастично во дресот на Кристал Палас во Премиерлигата, па вчера постигна гол во гости кај Ватфорд и според зборовите на поранешниот шкотски репрезнетативец, тој е играч за Реал Мадрид.

„Заха би можел да игра за најголемите европски клубови. Мислам дека е доволно добар да игра за Реал. Дефинитивно не е за клубови кои се борат за опстанок. Можам да го видам во Реал, толку е добар. Има голем талент и со најголема почит до Кристал Палас, но Заха може да игра за најголемите клубови во светот“, кажа Шкотот.

Заха не успеа во Манчестер јунајтед, но дефинитивно наскоро ќе го напушти Кристал Палас и ќе заигра во некој гигант.