Со кого ли не го поврзаа, напаѓачот на Лацио сега e пред трансфер во Интер ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Во италијанските медиуми денеска осамна веста, дека напаѓачот на Лацио, Кеита Балде е пред трансфер во Интер.

Имено, тој треба да потпише нов договор со Лацио, па потоа ќе биде испратен на две годишна позајмица со опција за купување, пренесува Газета ДЕло Спорт.

Откако Јувентус не успеа да се договори со раководството на Лацио за играчот, сега тој се поврзува со трансфер во Милано.

Сенегалскиот интернационалец има уште една година во договорот, па затоа од Лацио се плашат дека ќе го загубат играчот на крајот од сезоната, кој најави дека сака да игра за Јувентус.

Финансискиот фер плеј, не му дозвулува на Интер да троши големи пари, но тие може да го земат на позајмица, па по две години да го откупат.

Планот е Кеита да потпише нов договор со Лацио, а потоа веднаш да се пресели во Интер, на две годишна позајмица.

Напаѓачот би заработувал 3 милиони годишна.