Со пораз стартуваше ерата на Мојс во Вест Хем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ерата на Дејвид Мојс во Вест Хем стартуваше неславно откако „чеканите“ беа поразени со 2:0 на гостувањето кај Вотфорд.

Вотфорд имаше три порази по ред, па јасно му беше на Мојс дека тешко ќе дојде до бодови на „Викарич Роуд“.

Резултатот го отвори Вил Хјуз за кого ова беше трет настап во дресот на Вотфорд по даѓањето од редовите на Дерби Каунти. Младиот Хјуз беше асистент на најдобриот играч на Вотфорд за оваа сезона, Ричарлисон при постигнувањето на вториот погодок.

Со оваа победа „стршлените“ се вратија на осмата позиција, додека пак Вест Хем остана во зоната за испаѓање. Мојс ќе има пеколно тешка задача затоа што пред себе сега има натпревари против Лестер, Евертон, Манчестер Сити, Челси и Арсенал.