Спалети веќе ги спакува куферите – Мончи го донесува специјалистот за освојување на европски трофеи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека идни соработници во Вечниот град Мончи и Балдини се согласија околу името на новиот тренер на Рома.

Сезоната сеуште не е готова, Рома официјално нема нов спортски директор и на тренерската столица сеуште е Сплаети.

Според медиумите, Мончи и Балдини се согласиле за името на новиот тренер на Рома, а тоа е Унај Емери.

За одличниот тренер може да се каже дека Мончи е специјалист за освојување на европски трофеи, со оглед на тоа што од 2013 до 2016-та година и донесе 3 трофеи во ЛЕ на Севиља.

Емери од минатото лето е на клупата на ПСЖ, но долго време се зборува дека ќе го напушти тимот.

Медиумите пишуваат дека сеуште не е сигурно дека Емери ќе замине од ПСЖ, како и дека Палота сеуште се надева дека Спалети ќе остане во тимот.

Друг избор на Мончи е Гасперини кој веќе кажа дека му е пријатно поврзувањето со Рома, но дека нема намера да биде втор или трет избор на Рома.