Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рони, Динг, Марк и Пери се пласираа во ¼-финалето на Мастерсот во Лондон кој се игра за награден фонд од 600.000 фунти. А таму им се приклучиј Марко Фу и Нил Робертсон.
Во натпревар со 5 троцифрени брејкови и 9 брејкови со 50 и повеќе поени подобро се снајде Фу кој победи со 6:5, иако натпреварот подобро го отвори Трамп.
Во вториот натпревар кој се играше немаше многу возбудувања, Робертсон беше подобар од Алистер Картер со 6:3 со еден троцифрен брејк и тоа во последниот фрејм.
Денес се играат последните 2 натпревари од 1/8-финалето помеѓу Селби и Вилијамс, односно Марфи и Хокинс.