Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целата љубов кон саканиот клуб и страста која ја чувствуваат се состанаа во овие моменти.
Спектакуларно испраќање во Мадрид приредија навивачите на Бока Јуниорс на своите играчи на реваншот од финалниот меч од Копа Либертадорес против најголемиот ривал Ривер Плата.
Поради општо познатите причини поради кои не беше возможно реваншот да се одигра, а на кој Ривер требаше да биде домаќин, одлучено е мечот да се одигра на неутрален терен, односно на „Сантијаго Бернабеу“.
Откако на тренингот направија феноменална атмосфера, спектаклот го сочуваа за самото заминување на паст на нивните миленици, пред легедарниот финален меч.
Еуфорија, страст, емоции, љубов кон клубот, се тоа беше присустно во она што го приредија фановите на Бока за своите навивачи кои од својот стадион со автобус тргнаа кон аеродромот.
Гореа бакли, се виореа знамиња, се пееја песни… Навистина еден доказ колку Аргентинците живеат за фудбалот.
???
?? Absolute scenes in Buenos Aires as Boca Juniors prepare to fly to Madrid for the Copa Libertadores final second leg… pic.twitter.com/YRcQD8iDKC
— Goal (@goal) December 5, 2018