Спиеле во тоалетот на Олд Трафорд само да го гледаат натпреварот против Арсенал


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Двајца навивачи на Манчестер Јунајтед се криеле во тоалетот на стадионот „Олд Трафорд“, и спиеле таму само да го гледаат натрпеварот против Арсенал.

    Тие биле во посета на стадионот и одлучиле да се скријат во тоалетот за следниот ден да го гледаат дербито на колото во Премиер лигата.

    Сепак, навивачите утрото биле откриени за време на безбедносните проверки, и биле предадени на полицијата која одлучила да ги уапси.

    Јунајтед соопштил дека не имало опаснсот за другите посетители на натпреварот, со оглед на тоа дека споменатите навивачи пред да влезат во стадионот поминале низ детектори за метал.

    Сличен инцидент на Олд Трафорд се случи пред шест месеци поради што натпреварот помеѓу Борнмут и Јунајтед беше одложен поради сомнителен пакет пронајден во тоалетот.