Спонзорот бара од Барса посебен дрес за Де Јонг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот производител на спортска опрема Најк има необично барање од Барселона.

Каталонците оваа зима го комплетираа трансферот на 21-годишниот холандски играч за врска од Ајакс, Френги Де Јонг, а Барса добила од Најк посебно барање за овој фудбалер.

Тие сакаат на неговиот дрес да стои името Френки наместо презимето Де Јонг и тоа од спонзорски причини, но тоа не е се. Исто така младиот играч би сакал да го земе бројот 21 кој што го носеше во Ајакс.

За сега бројот 21 во Барселона го носи Карлес Алена, но за играч кој што е платен 75 милиони евра, одбирањето на број не би требало да претставува проблем.

„Во јули ќе го потпишам официјално договорот и ќе бидам претставен во Барселона. Би сакал да го носам бројот 21, тоа е мојот број. Исто така Најк сака да го користам името на дресот наместо презимето. Тоа повеќе им одговоара од маркетиншки причини и навистина не знам што ќе се одлучи“, изјави младиот фудбалер.