Спонзорот случајно ги откри копачките на Руни


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни неодамна го израмни рекордот со Боби Чарлтон кој е најдобар стрелец во историјата на клубот.

Чарлтон и Руни постигнаа по 249 голови, а капитенот на Јунајтед има шанса во наредниот натпревар да го сруши тој рекорд.

Неговиот спонзор Најк дизајнираше посебни копачки за Руни кои ќе ги носи на натпреварот.

Американската компанија денес го откри случајно нивниот изглед.

Планот беше Руни да ги добие копачките откако ќе стане прв стрелец на Јунајтед, но нивниот изглед требаше да биде познат дури во првиот натпревар во кој тој ќе ги носи.