Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синиша Михајловиќ беше девет дена на клупата на Спортинг Лисабон, но набрзо беше отпуштен, откако се смени управата на клубот.
По договорот требаше да заработи шест милиони евра за три години, а Миха со својот адвокатски тим најави тужба и побара десет милиони евра.
„Имаше пробен период од 15 дена, па така нема да му платиме десет милиони евра. Само што стигна, а почна да прави грешки. Сакаше да ја смени локацијата на нашиот тренинг камп и да ги зголеми трошоците за 300.000 евра. Немам ништо против него, но никогаш ништо нема освоено. Знам дека беше фантастичен играч, дека постигнуваше голови од слободни удари, но…“, вели Соуза Синтра, сегашниот претседател на Спортинг.