Спортски хуманитарци: Заработуваат и несебично ги даваат своите милиони


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Време на подароци. Такво е ова време околу Божиќ и Нова година. Две-три недели кога навистина мислиме на другите. Можеби дури и ќе се потрудиме да направиме некое добро, но по Нова година се е по старо. Се грижиме за нашите проблеми.

За среќа, постојат некои луѓе, кои секој ден внимаваат на немоќните, болните, сиромашните… Луѓе на кои често им љубоморат многу лица, а тоа се спортистите. Возат скапи автомобили, посетуваат скапи ресторани и забави, но и многу од тоа даваат на здруженијата.

Многу од нив донираат милиони долари и евра, создадоа голем број фондации, а не престанаа да даваат и по завршување на кариерата.

Андре Агаси(46), тенис

Беше голем тенисер, еден од најголемите. А покрај другото, тој е еден од 8-те тенисери во историјата со победа на сите Грен Слемови.

Освен големата кариера Агаси имаше и уште поголема хуманитарна кариера. Која сеуште трае. Пред 15 години во Лас Вегас отвори бесплатно училиште за деца без родители. Вкупно донираше 35 милиони долари за тоа училиште.

А внимавајте, во текот на тениската кариера од наградата заработи помалку, 31 милиони долар. Донираше пари и за изградба на клиника за деца, а создаде и голем број фондации на свое име. Моментално гради уште едно училиште.

Кристијано Роналдо(31), фудбал

Во 2015-та година се појави информација дека ѕвездата на Реал во 2015-та година на сметката имал повеќе од 200 милиони евра.

За жртвите во земјотресите во Непал минатата година донираше дури 7 милиони евра. Даде повеќе пари за неколку држави. Холандија доби 5 милиони евра. Со милиони евра им помогна и на жртвите од цунами во Индонезија.

Минатата година даде 83.000 долари за операција на мозок на 10-годишен навивач, а плати многу пари и за Центарот за истражување на рак во кој се лечеше и неговата мајка.

Дикембе Мутокомбо(50), кошарка

Тој е еден од најсаканите НБА кошаркари, никогаш не ги заборави своите корени. Уште во текот на кариерата создаде фондации, чија цел беа подобрување на животниот стандард во Конго. Учествуваше и во многу акции „Кошарка без граници“, а играше и голем број на натпревари низ Африка.

Даде 15 милиони долари за изградба на болница во Конго, а освои голем број срца откако на женската репрезентација во 1996 година и ги плати дресовите и сите патни трошоци за да одат на ОИ во Атланта.

Тајгер Вудс(40), голф

Првиот спортист во иднината, кој заработи милијарда долари од награди. Глобална суперѕвезда, и покрај голем број измами на својата партнерка.

Тајгер Вудс е далеку од примерен спортист, но со текот на годините добар дел од своите пари ги донираше во хуманитарни цели. Во САД создаде голф центар, кој им помага на децата да ги научат основите на голфот.

Преку Тајгер Вудс фондацијата американскиот голфер донираше повеќе од 30 милиони долари за помош на студентите, кои немаат пари за образование.

ЛеБрон Џејмс(31), кошарка

Најдобриот кошаркар во моментов има милионски договор со Кливленд, но и голема заработка од многу спонзори. Многумина не го сакаат, но никој не може да каже дека е пијан милионер без било каква грижа за проблемите на малите луѓе.

Тој донираше 2.5 милиони долари за организацијата „Момци и Девојки Клуб Америка“.

Дополнителни 3.5 милиони долари донираше со голем број на хуманитарни акции.

Ерик Линдрос(43), хокеј

Тој е еден од најдобрите хокеари на сите времиња, а кога во 2007 година објави крај на кариерата, тој веднаш донираше 5 милиони долари во лондонскиот здравствен центар. Но не Лондон во Англија, туку тој во Онтари.

Линдрос е роден во тој центар, а во текот на кариерата голем број пати беше опериран таму. Затоа и тој одлучи дел од парите да ги вложи во тој здравствен центар.

Хокеарот не заборави ниту на децата, со своите пари им помогна на голем број деца да го продолжат своето образување.

Дејвид Робинсон(51), кошарка

Во текот на кариерата прекар му беше „Адмирал“, но тој прекар му одговара и како „цивил“. Несебично им помагаше на здруженијата за да ги задоволи потребите на луѓето.

Во 1997 година донираше 5 милиони долари на акдемијата, која им помага на децата да се запишат на факултет. Станува збор за најсиромашниот кварт Сан Антонио.

Робинсон не сопре тука, со сопругата формираше Карвер академија, а за нејзе донираше 11 милиони долари.