„СП со 48 репрезентации на губи смисла“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Александер Чеферин рече денеска во Стара Пазова дека не се сложува дека СП во 2026 година со 48 екипи губи смисла.

„Тешко е да се каже дека тоа е идеален систем. Но, дека Светско првенство губи смисла, со тоа не можам да се сложам. Сите конфедерации беа за тој систем и се гласаше. Ако се гласа,  подобро е УЕФА да се сложува со тоа отколку да биде единствен противник“, рече Чеферин на новинарите во Спортскиот центар на ФСС во Стара Пазова.

На СП првенство со 48 репрезентации, Европа ќе има 16 репрезентации.

„В оврска со бројот на местата, УЕФА ќе има далеку најмногу места, една не игра плеј-оф, секоја друга во квалификационата група, што е за мене идеална ситуација ако имаме 48. Секоја репрезентација од Европа ќе игра во посебна група и ако е квалитетна, секоја ќе се пласира понатака од групата“, рече Чеферин.

„Секогаш се наоѓаат критичари за секоја работа. Ако направиме помалку или повеќе, никогаш не се сложуваме со секого. Ќе биде интересно првенство“, додаде тој.

Претседателот на УЕФА наведе дека најголем проблем ќе биде кој ќе може да го организира тој шампионат на светот.

„Најголем проблем ќе биде тоа што тешко ќе може да се организира првенството. Требаат најмалку 12 огромни стадиони. Во Европа има можеби две-три држави, Кина, Америка…Ќе биде голем проблем, но можеби на крајот и не е лошо“, рече тој.

Во Лигата на шампионите од сезоната 2018/19 ќе се воведат промени, а главната промена е тоа шрто во натпреварувањето директно ќе се пласираат четирите првопласирани од четирите најсилни лиги – шпанската, англиската, германската и италијанската.

„Форматот се промени, но најголемите пет земји донесуваат 86 % од сите приходи во фудбалот во Европа, а земаат 60 %, што е важна работа…Супер лига не доаѓа во предвид, тоа ќе значи војна со УЕФА. Карл Хајнц Румениге тоа го потврди после конгресот на Европската асоцијација на клубовите во Атина. Сон на секого е да се пласира во ЛШ. Било каква затворена лига не доаѓа во предвид додека сум тука јас“, рече Чеферин.

Тој наведе и дека воведување на „видео технологија нема наскоро“.

„Гол технологијата се покажа како одлична работа…Проблем е дека се запира натпреварот. Тешко е да го запирате натпреварот на секои пет минути. Ќе потрае сеуште додека на најголемите натпреварувања се употребува видео снимка за спорните ситуации“, наведе Чеферин.