Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска се случи несекојдневен настан на плоштадот во Струмица, откако крадци ја украле ѕвездата, која била поставена во чест на Горан Пандев.
Општината испрати соопштение до јавноста преку својот Фејсбук, а случајот бил претходно пријавен и во полицијата.
„На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска, ја снема ѕвездата на познатиот македонски фудбалер, Горан Пандев. Оваа ѕвезда беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад. Општина Струмица го осудува вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот ќе го пријави во полиција“, напишаа на фејсбук-профилот на Општина Струмица.