Србинот ќе го има трансферот на кариерата: 20 милиони евра за „лудата глава“


    Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


    Александар Митровиќ беше херојот на Србија во Велс. Напаѓачот на Њукасл во финишот на натпреварот постигна гол за 1:1 и благодарение на него Србија освои голем бод.

    Веќе некое време се шпекулира дека напаѓачот ќе го засили Наполи, а италијанските медиуми тврдат дека тој трансфер ќе изнесува 20 милиони евра.

    Сепак, пред само неколку дена се огласи и неговиот менаџер, Ненад Јестровиќ со тврдења дека миленикот на навивачите на Њукасл ќе остане на Островот.

    Меѓутоа, „Corriere della Sera“ тврди дека репрезентативецот на Србија е мета на Наполитанците, кој ќе направат се само да го донесат во своите редови.

    Како што тврди споменатиот медиум, скаути на италијанскиот клуб го следеле во Кардиф, кога и го постигна единствениот гол за Србија.