Српска екипа се опари, Вотфорд им купи играч за – три милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Премиерлигашот Вотфорд го купи Филип Ступаревиќ од Вождовац за неверојатни три милиони евра, така пренесува „Спортски журнал“.

Со продажбата на суперталентираниот 18-годишен напаѓач тие направија историски трансфер затоа што досега рекордот беше 450.000 евра за продаден фудбалер.

Ступаревиќ ќе потпише договор на четири години, а трансферот ќе биде реализиран на први јануари 2019. година, кога ќе почне официјално преодниот рок.

Сепак, младиот играч најверојатно веднаш ќе биде испратен на позајмица во Удинезе, каде што ќе треба да го добие потребното искуство и ќе има можност да напредува за да се врати во првиот тим на Вотфорд.