Срцето одлучи: Големата надеж на Јунајтед избра за која репрезентација ќе игра


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младиот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед , Скот Мектомини ја избра репрезентацијата во која ќе настапува во иднина.

21 годишниот фудбалер по обавениот разговор со селекторот на репрезентацијата на Шкотска, Алекс Меклиш одлучил да настапува за селекцијата од каде што потекнува, а не земјата каде е роден, Англија.

Мектомини имаше и повик од Гордиот Албион, но срцето одлучи за Шкотска и оваа репрезентација ќе добие големо засилување за средниот ред за во иднина. Многумина веќе почнаа да го споредуваат со Дарен Флечер уште еден играч на Манчестер Јунајтед кој долго време беше лидер на оваа репрезентација.