Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот судија Александар Ставрев ќе го суди мечот меѓу Молдавија и Франција на 22 март во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а на него ќе му помогаат Марјан Кировски и Дејан Костадиновски, додека четврти судија ќе биде Димитар Мечкаровски.
Ставрев досега на Французите им судеше и во 2017 година кога тие одиграа 0-0 против Луксембург во квалификациите за Светското првенство во Русија.
Исто така, Кировски ќе има голем јубилеј, зашто тоа ќе биде негов 100-ти меч на меѓународна сцена како интернационален судија, па арбитрите се надеваат дека добро ќе си ја завршат работата во мечот меѓу Молдавија и Франција.