Станковски: Знаев дека Работнички може многу


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Работнички, Горан Станковски не штедеше пофални зборови за неговите фудбалери по двете победи против Пелистер и Вардар.

Работнички беше во очајна форма, се наоѓаше на дното на табелата, но победите против Пелистер (2:0) и Работнички (3:1) го кренаа клубот од Дебар Мало и му влеаја потребна самодоверба.

„Уште кога бев назначен за нов шеф на стручниот штаб, реков дека Работнички има голем квалитет во својот тим. Требаше само психолошки да се подигнат фудбалерите, и со напорна работа да се врати екипата во победнички колосек. Драго ми е што успеавме во тоа, и сега не смееме да застанеме тука, иако не е лесно да се остварат две големи победи по ред, против Пелистер и против Вардар. Заслугите секако одат кон фудбалерите, максимално се мотивирани да го покажат својот квалитет, работат одлично на тренинзите, и токму затоа дојдоа и позитивните резултати“- истакна, Горан Станковски.