Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот се покаја поради својата одлука да го напушти Трино, Италијанците веќе реагираа.
Фудбалскиот свет ова јутро се разбуди со веста дека Жозе Мурињо повече не е тренер на Манчестер Јунајтед.
Познато е дека Пол Погба и не е најголем фан на „Специјалниот“, па со својата објава на социјалните мрежи го потврди своето задоволство со ваквиот епилог, но се поставува прашањето – дали тоа ќе ги поремети плановите на Французинот да се врати во Јувентус.
Играчот за врска би сакал да се врати во Јувентус, тешко е да се поверува дека на клупата на „Црвените ѓаволи“ би можел да стигне некој кој би го убедил да остане на „Олд Трафорд“, а „Бјанконерите“ веќе прават конкретни чекори.
Според натписите на италијанските весници, Торино би можел да го напушти Сами Кедира, неговиот договор истекува дури во 2021. година, но проблемите со повредиле го опструираа па оваа сезона запиша 14 настапи за клубот и репрезентацијата вкупно.
Многумина сметаат дека неговото заминување би значело правење место за новиот играч за врска, за Германецот се заинтересирани ПСЖ и Арсенал кои би можеле да реагираат веќе во јануари.
Алегри сака фудбалер на кој ќе може да смета во текот на целата сезона, Погба пак со задоволство е виден повторно во Торино…