Стариџ го напушта Ливерпул, два клуба заинтересирани за него


    Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


    Англискиот фудбалер, Даниел Стариџ се наоѓа пред излезни врати од Ливерпул.

    Стаrиџ оваа сезона добива многу мала шанса за игра и се уште не успеа да ги одигра сите 90 минути во еден натпревар, и токму таа е причината поради што тој сака да го напушти тимот на Ливерпул.

    Јасно му е дека не е во плановите на менаџерот Јирген Клоп па се помирил со заминувањето од клубот.

    За него постојат две опции. Стоук Сити и Вест Хем се заинтересирани за неговите услуги и ќе водат голема борба за да го доведат во јануарскиот трансфер период.

    Стариџ со Ливерпул има договор до летото 2019. година.