Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За септември наредната година се чека почетокот на натпреварувањето во новоформираната Лига на Нации која ќе биде под покровителство на УЕФА.
За оние кои не се упатени, Лигата на нации претставува натпреварување кое ќе се игра наместо пријателските натпревари на репрезентациите и ќе се состои од четири лиги (А, Б, Ц и Д). Репрезентациите ќе играат напоредно со натпреварите од квалификациите за Европското првенство и тоа во септември, октомври и ноември 2018 година.
Во натпреварувањето ќе учествуваат сите 55 репрезентации членки на УЕФА, а во лигите ќе бидат расподелени во зависност од коефициентот и ранкингот на листата по завршувањето на квалификациите за Светското првенство.
Во Лигите А и Б ќе се натпреваруваат 12 репрезентации поделени во четири групи во кои ќе има по три тима. Во Лигата Ц ќе играат 15 репрезентации, една група со три и три групи со по четири репрезентации, додека во Лигата Д ќе има четири репрезентации кои ќе бидат расподелени во четири групи. Во Лигата Д веројатно ќе се наоѓа и нашата репрезентација. Победниците во групите ќе се пласираат во посилните лиги, додека последнопласираните ќе испаднат ранг подолу.
Во плеј-офот за четирите места на ЕП 2020 ќе учествуваат 16 репрезентации. Учество во плеј-офот ќе обезбедат тимовите што победиле во групите од Лигите.
Лигата на нациите нема да влијае на системот за квалификации за Европското првенство што е закажано за 2020 година. Двете најдобри репрезентации од десетте квалификациони групи ќе се пласираат на првенството, а останатите четири победници од Лигата на нациите исто така ќе настапат на континенталниот собир.
Еве како ќе изгледаат лигите:
Лига А: Германија, Португалија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Франција, Англија, Италија, Полска, Хрватска, Исланд, Велс
Лига Б: Русија, С. Ирска, Словачка, Шведска, Холандија, Украина, БиХ, Австрија, Турција, Ирска, Данска, Унгарија
Лига Ц: Словенија, Албанија, Црна Гора, Србија, Шкотска, Чешка, Романија, Грција, Бугарија, Израел, Норвешка, Кипар, Финска, Естонија, Азербејџан
Група Д: Литванија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Македонија, Фарски Острови, Луксембург, Летонија, Молдавија, Казакстан, Лихтенштајн, Андора, Малта, Косово, Сан Марино, Гибралтар