Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Меси и Роналдо се единствените кои ја освојуваа оваа награда од 2007, а во продолжение ќе прочитате за 10 играчи кои ја заслужија оваа награда со својата игра во 2016.
Зимата е пред нас, а наскоро не очекува и изборот за „Златна топка“. Сакале или не, но таа награда е нешто за што секој играч се бори.
Оваа календарска година повторно конкуренцијата паѓа на само 2 имиња – Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Најпознатото светско ривалство одамна се натпреварува за оваа награда, а секој пат од 2007 година ја освојуваше некој од нив двајца.
Па поради тоа во продолжение ќе прочитате кои други ја заслужија наградата. Условот е еден – да имаат повеќе од 20 настапи за клубот во лигашките и континенталните натпреварувања.
- Филипе Луис(Атлетико Мадрид)
Иако не се прослави во Челси, каде што ретко кој беше вознемирен со фактот дека се враќа во Мадрид по само 1 сезона во Лондон, левиот бек на тимот на Симеоне оваа сезона повторно покажа што знае.
Луис оваа сезона направи 116 успешни додавања, а тоа е доволно за второ место на листата во таа категорија во Ла Лига, а со скоро еден и пол успешен скок по натпревар со 85% успешни додавања Луис повторно потврдува дека е еден од најдобрите бекови во Европа.
- Н`Голо Канте(Лестер/Челси)
Чуварот на шампионскиот ред на Лестер минатата сезона продолжи да воодушевува со своите игри и во Челси, каде што Конте игра со 3 играчи во последната линија пред голот. Меѓутоа, Канте не успеа да ја помине ниту прелиминарната листа на 30 најдобри, каде го „жртвуваа“ во корист на Марез/Варди. Неговата неуморна енергија заедно со фантастичната статистика, во која комбинирано беше заслужен за повеќе од 247 успешно пресечени топки и стартови, што е повеќе од било кој играч во топ 5 европските лиги во 2016-та година.
- Димитри Пајет(Вест Хем)
„Ние го имаме Пајет, Димитри Пајет, не сме сигурни дали сфаќате…“, песна која се слушаше цела мината сезона. Магичниот Французин стигна од Марсеј во Вест Хем и многу брзо ги освои срцата на навивачите, но на на тренерите со својат одлична техника. Не е ниту чудо што Билиќ и другите сакаа да го задржат во своите редови ова лето. Тој е заслужен за 112 важни додавања.
- Луис Суарез(Барселона)
Не е воопшто спорно дека Суарез е најубиствениот напаѓач во Европа оваа сезона. Тој постигна 33 голови во натпреварите во 2016-та година, а тоа е најмногу во најдобрите 5 лиги. Оваа сезона тој постигна 8 голови на 11 натпревари.
- Нејмар(Барселона)
И третиот дел од нападот на Барселона мора да биде тука, а статистиката зборува зошто. Ниту еден играч немал поголем број успешни дриблинзи минатата година(119) додека во исто време тој е човек од кој се плаши противничката одбрана.
По Франк Васкез од Севиља врз кого се направени 149 прекршоци, Нејмар е играч кој има 116 прекршоци врз него. Ниту оваа сезона бројките не паѓаат, со 4 голови и 4 асистенции во 9 натпревари ја држи својата просечна оцена високо.
- Пол Погба(Јувентус/Манчестер Јунајтед)
Минатата сезона Погба беше најдобро оценет играч во Серија А, каде статистиката зборува дека со 53 успешни дриблинзи е во самиот врв на конкуренцијата на играчи кои се обиделе повеќе од 50 пати на дриблинг оваа година.
- Герет Бејл(Реал Мадрид)
Одличен е податокот кој зборува дека Бејл всушност има подобро постигнување во 2016-та година од Кристијано Роналдо! Со просечна оцена од 7.96 се израмнети, но Бејл до тој просек стигна со дури 6 натпревари помалку одиграни во однос на Португалецот. Бејл е еден од најдобрите во конкуренцијата на стрелци со глава, каде во годината која изминува има постигнато 8 голови. Интересно е тоа што подобар од него е само Михаил Антонио од Вест Хем со 10 голови со глава.
- Пауло Дибала(Јувентус)
Аргентинецот во првата сезона во Јувентус одлично играше. Тој постигна 23 голови во сите натпреварувања. Во оваа сезона има 3 голови во 8 натпревари, а интересно е тоа да се нагласи дека тој е втор играч врз кој се имаат најмногу прекршоци направено во ЛШ, по Џонатан Кафу. Додека сигурно тој не е зрел за наградата во моментов, ако продолжи со ваква игра во иднина тој ќе биде еден од главните играчи за освојување на оваа награда.
- Алексис Санчез(Арсенал)
Со Фирмињо од Ливерпул се едни од главните играчи во своите тимови. Санчез во 2016-та година не само што ја освои Копа Сентенарио, каде ја доби титулата најдобар играч на турнирот, тој имаше и клупска сезона на највисоко можно ниво. Неговата сезона ја заврши со просечна оцена од 7.82, но тоа не беше доволно ниту да влезе во 30-те играчи на прелиминарниот попис.
- Златан Ибрахимовиќ(ПСЖ/Манчестер Јунајтед)
Иако Ибра искуси шок околу преминувањето во сепак посилна лига од француската, неговата 2016-та година може да се каже дека беше одлична. Тој постигна 29 голови во лигите оваа година.