Стерлинг го возврати ударот на жестоките и бескруполозни навивачи на Црна Гора: Ви треба повеќе од тоа…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англија синоќа ја покори Црна Гора со 5:1 во рамки на квалификациите за ЕП.

Иако Црна Гора поведе со 1:0, Англичаните стигнаа до пресврт и постигнаа пет погодоци против Црногорците, а стрелец на еден од погодоците беше Рахим Стерлинг.

Сепак, она што фрли сенка на овој меч беше срамното однесување на одредени навивачи на Црна Гора кои на расистичка основа ги навредуваа темните играчи на Англија.

Фудбалскиот сојуз на Англија по мечот поднесе пријава, а УЕФА утринава потврди дека ќе биде покрената официјална истрага во врска со ова случување.

Стерлинг синоќа испрати порака на својот Инстаграм профил одлучи да им се обрати на навивачите на Црна Гора и напиша: „Најдобар начин да ги замолчиме хејтерите“.

Потоа додаде: „Само сакав да им покажав дека треба повеќе од тоа за да не вознемират и сопрат“.

„Сите ние знаме која боја кожа ја имаме, така да не знам во што е големиот проблем. Не е како да сум кажал нешто ново“, заклучи Стерлинг.

 

View this post on Instagram

 

Best way to silence the haters (yeah I mean racists) ?? #2019 #getsomeeducation

A post shared by Raheem Sterling x ? (@sterling7) on