Стерлинг можна опција за офанзивата на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг е една од опциите за офанзивниот дел од тимот на Реал Мадрид.

Претставници на „Кралскиот клуб“ го следеле Стерлинг на натпреварот Шпанија-Англија во кој брзоногиот фудбалер постигна два погодоци.

„Дејли Мејл“ пренесува дека претставниците на Реал Мадрид биле импресионирани од играчот на Сити, па „Кралевите“ би се обиделе да го донесат во летниот преоден рок, но само ако не успеат да го донесат Еден Азар во своите редови.