Стигнаа првите проценки: Де Бруин повторно на пауза!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Две недели откако се врати на теренот по двомесечната пауза поради повредата на коленото, Кевин Де Бруин се соочува со нов проблем.

Белгиецот синоќа го повреди коленото во Лига Купот, во мечот со Фулам и поради тоа некое време ќе биде надвор од теренот.

Од Островот стигнуваат и првите проценки врзани за тежината на повредата, односно периодот кој ќе го мине надвор од викендот.

Ситуацијата е нешто подобра од минатиот пат, но се смета дека Де Бруин ќе биде на пауза еден месец. Тоа значи дека ќе ги пропушти натпреварите со Саутемптон, Манчестер Јунајтед, Вест Хем, Борнмаут и Вотфорд во Премиер лигата, но и натпреварите со Шахтјор и Лион во Лигата на шампионите.

Доколку закрепнувањето тече по планот, Кевин Де Бруин би требало да биде подготвен за големото дерби со Челси, закажано за 8. декември, на „Стемфорд Бриџ“.

Белгиецот поради повреда на коленото паузираше два месеци, па од почетокот на сезоната одигра само пет натпревари, од кои три во ПЛ и по една во Лига купот и Лигата на шампионите.

На споменатите пет натпревари, Манчестер Сити оствари пет победи со гол разлика од 13:0.