Стигна потврда од Венгер: Анри ја посакува тренерската работа во Бордо


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Легендарниот поранешен тренер на Арсенал, Арсен Венгер истакна дека Тиери Анри е подготвен да го преземе тимот на Бордо.

Францускиот клуб го отпушти Густаво Појет во петокот откако тој влезе во конфликт со управата на клубот поради продажбата на напаѓачот, Гаетан Лаборде.

„Да, Анри сака да го работи тоа. Тој е интелигентен и ги има потребните квалитети“ –кратко коментираше Венгер за „Корсе Матин“.