Стигнуваат лоши вести за Барселона: Три повреди пред „Ел Класико“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Барселона не се наоѓа во најдобра форма пред дуелот со најголемиот ривал.

    Барселона во недела одигра еден од најлошите натпревари во последните неколку години и можат да бидат среќни што успеаа да освојат бод, а денешниот тренинг го пропуштија Пике, Алба и Меси.

    Во овој момент Барселона има 6 бодови помалку од Реал Мадрид, но тоа не е единствена лоша вест за Луис Енрике.

    Поради повредата повторно надвор од конкуренција е Алба, кој доживеа силен удар во пределот на потколеницата, па ќе мора да одмора и сеуште не е познато дали ќе биде подготвен за сабота.

    Покрај него, Пике и Меси го пропуштија денешниот тренинг, но не поради повреда, туку поради премореност и тие ќе бидат подготвени за Реал.

    Што се однесува до останатите, Иниеста и Умтити продолжија со процесот на рехабилитација и би можеле да бидат во конкуренција за натпреварот.