Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски се наоѓа пред трансфер во редовите на Рајо Ваљекано.
Клубот од Мадрид е во потрага по голман затоа што единствено Алберто им е опција за таа позиција, па во последните седум дена од трансфер периодот ќе работат на комплетирање на таков трансфер.
Прва желба на Рајо беше голманот на Реал Мадрид, Лунин, кој би пристигнал на позајмица, но тој се одлучи за тимот на Легањес.
Сега опција за челните лица на новиот член на Примера е Димитриевски за кого Рајо треба да плати околу еден милион евра.