Стоук извлече реми на „Кинг Пауер“, катастрофална грешка на Батленд (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Лестер и Стоук ги поделија бодовите во првиот натпревар од 28. коло од Премиер Лигата ремизирајќи со резултат 1:1.

Првото полувреме беше изедначено со неколку солидни прилики на двете страни, а подобро се снајде Стоук кој до водство стигна во 43. минута преку Џердан Шакири.

Во вториот дел Лестер ја диктираше играта и беше далеку подобар противник. „Лисиците“ постигнаа погодок по катастрофалната интервенција на Џек Батленд кој во 70. минута си постигна автогол.

По ова реми Лестер се искачи на седмата позиција со 36 освоени поени, додека Стоук остана во опасната зона со десет бодови помалку.