Страв во Лондон: Реал Мадрид ја краде најголемата ѕвезда на Челси!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Преодниот рок во Англија вчера заврши, а Челси се соочува со голема опасност до 31. август бидејќи постои можност да ја загуби својата најголема ѕвезда.

Управата на Реал Мадрид планира да го ангажира Еден Азар, кој досега одлично го чуваа „сините“, но тие ќе имаат проблеми уште три недели.

Да потсетиме, двата клуба досега соработуваа и тоа за трансферите на Тибо Куртоа и Матео Ковачиќ.

Сепак, со Азар ситуацијата е многу комплицирана бидејќи Челси нема можност да најде негова замена летово, па можеби би се согласиле да го пуштат Белгиецот да замине, но најверојатно во јануари или евентуално наредното лето.

Сепак, Флорентино Перез мора да го поправи впечатокот кај навивачите на „кралевите“, кои се разочарани, па сигурно ќе се обиде да го купи Белгиецот.