Страшни сцени во ЛЕ: Навивачи му скршија глава на судија со шише (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вчера се играа натпреварите во квалификациите за Лигата на Европа, а некои средби ќе  останат по неспортски случувања.

Еден таков се случи во Австрија на натпреварот помеѓу Штурм Грац и АЕК Ларнака (0-2) кога помошниот судија беше погоден со шише во глава и мораше да го заврши порано натпреварот.

По ударот судијата падна на тревата и се држеше за глава, а по неколку секунди почна да тече крв, поради тоа натпреварот беше прекинат 40 минути, но на крајот сепак заврши.