Страшно промашување во Франција: Напаѓач утна цел гол од само два метри! (ВИДЕО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вчера се одиграа два натпревари од 23. коло во француската Лига 1, а ПСЖ го декласираше Монпелје, додека Бордо и Генгам одиграа без голови.

Сепак, Генгам можеше да постигна гол во 52. минута и средбата различно да заврши, но напаѓачот на гостинската екипа се посрамоти за сите пари.

Еден од дефанзивците за малку ќе си постигнеше автогол, но голманот фантастично одбрани, па топката на малку повеќе од еден метар стигна до нозете на Нола Руа, кој ја испрати топката преку голот.

Неверојатното промашување сигурно уште долго ќе го памети, а веќе се најде на социјалните мрежи и многумина го прогласуваат за промашување на годината.