Стротман лут: Рома ме продаде


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Рома, Кевин Стротман им кажал на своите пријатели дека клубот одлучил да го продаде и покрај тоа што тој не сакал да замине од „Олимпико“.

Холанѓанецот ќе се пресели во Олимпик Марсеј за сума од 28 милиони евра, а во францускиот тим ќе соработува со неговиот поранешен тренер, Руди Гарсија.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека играчот од средниот ред бил лут и разочаран што раководството на клубот се решило да го продаде.

„Да, мора да заминам затоа што се одлучија да ме продадат“- кратко прокоментирал Стротман за италијанските медиуми.