Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште два натпревари се одиграа од 12-то коло во македонската кошаркарска Суперлига.
Струмица на домашен паркет го победи Пелистер со 66:64.
После првите десет минути игра резултатот беше израмнет, 14:14. Во втората четвртина битолскиот клуб беше за нијанса подобар и на полувреме замина со 2 поени предност, 29:31.
Струмичани се разиграа во третата четвртина. Со шест поени предност влегоа во последните десет минути од натпреварот, 51:45. Кошаркарите на Пелистер израмнија на 60:60 две минути пред крајот на натпреварот. 25 секунди пред крајот Захариевски му донесе водство на Пелистер, 63:64. Јокиќ во нападот на Струмица погоди тројка за конечни 66:64.
Јокиќ беше најефикасен во Струмица со 18 поени. Богоев додаде 15, а Макенаџиев 11 поени. Анакиевски кај Пелистер најмногу се истакна со 19 поени. Фил постигна 17, а Голубовиќ 12 поени.
Пета победа за Струмица, осми пораз за Пелистер оваа сезона.
Куманово на домашен паркет славеше против Фени Индустри, 64:60.
Кумановци имаа водство од четири поени после првата четвртина, 17:13. Гостите од Кавадарци во втората четвртина направија пресврт и на полувреме заминаа со водство од два поени, 32:34.
Се менуваше водството на двете страни во третата четвртина. Фени во последната четвртина влегоа со два поени предност, 47:49. Домашните на почетокот на четвртата четвртина го презедоа водството кое го задржаа до крајот на натпреварот, 64:60.
Браун со 15 поени го предводеше Куманово. Јанески со 13, а Пековиќ со 10 поени го завршија натпреварот. Стајиќ беше најефикасен кај Фени и единствениот двоцифрен, 12 поени.
Куманово ја запиша осмата победа, а Фени вториот пораз.